УХМР: Студен бран и пообилни врнежи од дожд и снег

- Локални, Македонија
240

Во деновите од викендот времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 60 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд.

Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно со магла по одделни котлини.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари