НИКАН Дестилеријата од Струга со две медали на најголемиот вински саем на Балканот и пошироко Wine Vision by Open Balkan кој се одржа во Белград, Србија

- Локални
1720

НИКАН Дестилеријата од Струга и оваа година настапи на најголемиот вински саем на Балканот и пошироко Wine Vision by Open Balkan кој се одржа во Белград, Србија од 22 до 24 ноември 2024 година.

НИКАН Дестилеријата се претстави со НИКАН Јаболковата и Сливовата Ракија за кои доби златен и бронзен медал во конкуренција од 41 дестилерија и преку 70 примероци на ракија.

„Овие награди се голем поттик за нашата млада дестилерија но и доказ дека сме посветени исклучиво на квалитетот. Би сакале да се заблагодариме на сите кои учествуваа во организација на саемот, нашите колеги, соработници и нашата фамилија и пријатели за нивната огромна поддршка. Поддржувајте ги малите семејни дестилерии, вашата поддршка многу ни значи и ни претставува мотив повеќе за креирање уште подобри ракии.“ – изјави за strugaonline Златко Прентоски.

StrugaOnline

Facebook Коментари