ЖКК Струга 2009 е есенски првак во Прва Б лига за жени

- Локални, Спорт
201

После победата на гостувањето во Гостивар против истоимената екипа екипата на ЖКК Струга 2009 го заврши есенскиот дел на првата позиција.

ЖКК Гостивар – ЖКК Струга 2009 50:53 (07:10; 11:05; 10:15; 17:15; 05:08)

Најдобрите стрелци во нашата екипа беа Хиса и Белкоска со 15 односно 13 поени. Незири забележа 8, Цинциќ 6, Даути 5, Муртазаи 4 и Алексиеска 2 поени. Кај домашните: Каранфилоска 17, Димитриеска 15 поени.

„Последен натпревар во полусезона, секогаш незгодан терен, меѓутоа некако успеавме после продолжение да забележиме победа. Натпреварот беше со многу пресврти и тензија, мислам да нашата физичка припрема пресуди на овој натпревар. Како Х фактор се појавија и 2 наши четринаесетгодишни кошаркарки Даути и Таранеши кои дадоа голем придонес до конечна победа, и им честитам за тоа. Моментално на табелата сме изедначени на 1 место со 5 победи и 1 пораз со екипа на Спорт Тим од Неготино меѓутоа ние сме подобри во меѓусобен дуел па сме таканаречени есенски шампиони. Ние сме една од ако не и најмлада екипа во Прва Б Лига за жени, со просек од 15 и пол години што му дава додатна тежина на нашиот успех. Сакам да им честитам на девојките, и да се заблагодарам на нашите навивачи и на луѓе што му помагаат на клубот. Меѓутоа за нас нема одмор. Остануваат уште натпревари во јуниорска и кадетска конкуренција и продолжуваме уште посилно да работиме“. – изјави тренерот Владимир Ѓоровиќ

StrugaOnline

Facebook Коментари