Еурофарм Пелистер денеска го игра најважниот дуел во Лигата на шампионите
Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе го имаат второто соочување со полскиот шампион Висла Плоцк во рамки од 9. коло во ЛШ.

За битолскиот тим ова е можеби најважниот натпревар во европската елита, бидејќи со евентуална победа ќе биде многу блиску до пласман во осминафиналето.
На првиот меѓусебен натпревар, кој беше одигран во Плоцк, триумфира екипата на Висла Плоцк со 26:18.
Еурофарм Пелистер, исто како и Висла Плоцк, има четири бода на свое конто – три се од дуелите со Фредериција и еден бод од ремито против Спортинг Лисабон.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плоцк ќе се одигра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.
StrugaOnline

