ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга одржа приредба во чест на делото на Св. Климент Охридски
Во ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга се одржа приредба во чест на делото на Св. Климент Охридски.

Учениците рецитираа поетски творби посветени на Св. Климент, а се претставија и со прекрасна драматизација, во која потенцираа дека неговото наследство е втемелено во секој збор, секоја книга и секој чин на просветителството.

Св. Климент е наш вечен учител кој нѐ учи дека само преку знаење и љубов можеме да градиме подобар свет.

Нека е вечна славата на Свети Климент Охридски.
StrugaOnline

