Како и минатите години така и оваа, Струга од наредната недела ќе започне со подготовки за Бадниковата поворка.
Пробите за вежбање на песничката и работилниците за Божиќни ѕвезди ќе се одржуваат во црковната трпезарија при Соборниот храм Свети Ѓорѓи во Струга. Со проби ќе се започне наредниот викенд, сите дечиња ќе бидат известени кој ден и во колку сатот.
Оваа година имаат и официјална страна на која што ќе споделуваат информации, затоа важно е да се заследи страната, Бадникови Поворки Струга.
Минатата година околу 600 дечиња низ струшките улици го најавија раѓањето на Богомладенецот, ечеше градот со песничката „Вечниот Бог“.
– Ги замолуваме сите дечиња што сакаат да учествуваат во поворката да доаѓаат и на пробите за да бидат сите синхронизирани во пеењето на песничката. Раѓањето Христово е еден од најголемите христијански празници и е од суштинско значење бидејќи ако не се родеше Христос немаше ни преку кого да ни дојде спасението. Затоа децата се баш тие ангели предвесници и важно е да го слават Рождештвото, затоа впрочем се организира поворката. Повелете дечиња сите сте поканети да одиме да пееме, да се радуваме, исто и возрасните, зошто во секое срце се вувствува радоста Христова. Благослов е да се учествува во овој голем настан. Се гледаме нареден викенд. – вели за Strugaonline Лидија Николовска од „Бадникови поворки Струга“.
StrugaOnline
Facebook Коментари