Свети пророк Наум

- Локални, Македонија
222

Православните христијани денес го слават денот посветен на Свети пророк Наум.

Но, со текот на времето тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се знаеше.

Свети Наум поживеа четириесет и пет години и се упокои во Господа, оставајќи мала книга со вистинити пророштва.

Тропар

Божји човеку и пророку Науме, тебе Господ ти ги откри патиштата на благодатта, Он простува но не заборава сe додека сокот од гранката на гревот не се исуши, по твоите молитви Тој нека нe заштити, спаси и сочува во вечни векови.

Извор: mpc.org.mk фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари