Во својот кабинет, градоначалникот Рамис Мерко пречека една група од децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби во Струга.

Од децата и нивните негувателки добивме „Благодарница за 2024 година“ и неколку рачни изработки со новогодишни мотиви.

– Воедно, искрено им благодариме на негувателките на овие деца, кои згрижуваат и негуваат вкупно 18 деца, за нивната неуморна, саможртвувана и многу дарежлива работа. – вели градоначалникот Рамис Мерко.
-Општина Струга ја поддржуваше и секогаш ќе ја поддржува оваа категорија деца и секоја година обезбедува средства во општинскиот буџет. На овој начин градот доби катче за згрижување и воспитување на овие деца.
Истовремено, со одлука на Советот на општината, во буџетот за 2025 година се предвидени средства за отворање нов центар за деца со аутизам. додава градоначалникот Рамис Мерко.
Strugaonline
Facebook Коментари