Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност

- Локални, Македонија
186

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-4 Берово, -3 Битола, -2 Тетово, Скопје-Петровец, Маврови Анови, Демир Капија, -1 Велес, Прилеп, Струмица, Дебар, 0 Охрид, Крива Паланка, Штип, Куманово, Кавадарци,  Скопје-Зајчев Рид, 1 Претор, 2 Виница, Попова Шапка,  4 Крушево, 6 Гевгелија.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)

34 Попова Шапка, 26 Маврови Анови.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта по котлините се создаде магла и ниска облачност, а во останатите делови од земјата беше ведро и претежно тивко.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Наутро ќе има појава на магла по котлините, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема попладне. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе достигне од 8 до 17 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари