Времето денес претежно облачно со врнежи од дожд

- Локални, Македонија
210

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-6 Попова Шапка, -3 Лазарополе, -1 Маврови Анови, Крушево, 2 Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Дебар, 3 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Штип, Демир Капија, Виница, Берово, Куманово, Велес, Кавадарци, 4 Струмица, 6 Гевгелија.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)

28 Пожаране, 24 Маврови Анови, 19 Дебар, Гевгелија, 18 Тетово, 16 Велес, 15 Охрид, 14 Лазарополе, Попова Шапка, 12 Струмица, Крушево, 11 Скопје-Петровец, Демир Капија, Кавадарци, 10 Претор, Прилеп, 9 Ѓуриште, 8 Штип, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тополчани, 4 Битола, Виница, Пожар-Радовиш, 3 Крива Паланка, 1 Берово.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)

34 Попова Шапка, 29 Маврови Анови, 7 Ѓуриште.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои од повисоките места со врнежи од снег. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Во Штип дува ветер со брзина над 75 km/h.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа пообилни, а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Поради продор на студена воздушна маса од север ќе дува засилен северен ветер (над 75 km/h) и врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините висината на снежната покривка позначително ќе се зголеми. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари