Времето денес облачно и студено со врнежи од дожд и снег

- Локални, Македонија
201

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-7 Берово, -6 Попова Шапка, -5 Скопје-Петровец, -4 Крива Паланка, Битола, Велес, Демир Капија, Струмица, -3 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Штип, Кавадарци, Гевгелија, -2 Прилеп, Маврови Анови, Крушево, -1 Виница, 1 Претор, 2 Охрид.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот (во сm)

33 Попова Шапка, 28 Маврови Анови.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во првата половина од ноќта во најголем дел од земјава беше ведро, во југозападните делови умерено до значително облачно. Во втората половина облачноста постепено се зголемуваше. Утрово времето е променливо облачно, во крајните југоисточни делови со сончеви периоди, а по одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните југоисточни делови (над 25 l/m2). На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.

Извор: УХМР, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари