Приведено лице од Струга, сторител на кривично дело „измама“
На 25-ти декември 2024 година, во 07:40 часот на улицата „Чеде Филипоски“ во Струга, полициски службеници лишија од слобода 47-годишно лице од Струга, кое се сомничи дека е сторител на кривично дело „измама“.

По наредба на судија на претходна постапка, припадници на криминалистичката полиција од СВР Охрид и ОВР Струга, извршија претрес во неговиот дом, при што пронајдоа и одзедоа повеќе налози, уплатници и други документи, значајни за расветлување на кривичното дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

