Наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2024 година е поемата „Никогаш пред ил’ потем“ под шифра „Хидаспес“

Во средата во просториите на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што се состана комисијата за доделување на наградата “Григор Прличев” за најдобра поема во 2024 година, едногласно е одлучено да се прогласи поемата “Никогаш пред ил’ потем” под шифра “Хидаспес”.
Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Славе Ѓорго Димоски – претседател и Бранко Цветкоски и Димитар Пандев – членови.
– Од вкупно 13 пристигнати ракописи, во потесен избор влегоа поемите: „Никогаш пред ил’ потем“ и „Питагорин сведок“, информираат од охридскиот Центар за култура.

StrugaOnline

