Вчера предновогодишната магија ја разубави Струга

- Локални
270
Вчера, пред Општина Струга, со радост ја организира предновогодишната детска забава која го исполни градот со насмевки, радост и празничен дух. Најмладите, заедно со нивните родители, наставници и гости, уживаа во богата програма исполнета со музика, танци и забава.
За 2024 година беа доделени признанија на најдобрите:
• Др. Фесих Шеху – најдобар доктор за 2024 година;
• Албан Мазари – најдобар пожарникар за 2024 година;
• Јаковче Шопоски – најдобар полицаец за 2024 година.
Овие награди се симбол на нашата благодарност за нивната посветеност и труд во служба на заедницата – велат од општина Струга.
Голема благодарност упатуваме до сите учесници, организатори и посетители кои помогнаа да ја создадеме оваа магична атмосфера. Вашата поддршка и учество се клучни за ваквите моменти на заедништво.
Среќна Нова Година! Нека празниците ви донесат здравје, среќа и успех во секој ваш чекор, -додаваат од општина Струга.
StrugaOnline

Facebook Коментари