Стружанецот Зоран Лазарески со пливање во ладните води на реката Црн Дрим го заокружи предизвикот, 365 дена капење во езерото и реката.

Предизвикот започнал со другарски договор за капење до Митровден (8 Ноември), но потоа решил да го продолжи до Нова Година.

За него, како што вели капењето е посебен ритуал на комуникација со реката и езерото и тоа му причинува посебно задоволство. Додава дека многу стружани, пријатели и роднини го поддржале во овој несекојдневен предизвик.
На сите им ја честита Новата година и Божик во желба за многу здравје и среќа.
Facebook Коментари