Од Единицата за локална самоуправа – Струга, известуваат дека патниот правец за с. Г. Белица не е прооден.
Патниот правец за селата во Малесијата до крајот на денот е во план да биде исчистен. Останатите локални, магистрални и регионални патни правци се проодни во зимски услови. Снабдувањето со електрична енергија и вода за пиење е редовно.
Од ЕЛС Охрид пак велат дека сообраќајот на сите магистрални, регионални и локални патни правци се одвива редовно во зимски услови по влажни коловози. Снабдување на населението со електрична енергија и вода за пиење е редовно.
Извор: ЦУК
StrugaOnline
Facebook Коментари