МЗ Горна Белица: Патниот правец за селото Горна Белица е прооден

- Локални
517
По објавата  и известувањето од „Центарот за управување со кризи“ дека патниот правец за селото Горна Белица не е прооден, до нашата редакција стигна демант од месната заедница Горна Белица дека, иако чистењето на снег не е во нивна надлежност, сепак успеале навремено и целосно патниот правец за селото Горна Белица да е прооден.
-Во интерес на вистината како МЗ на Горна Белица информираме дека на ден 14.01.2025 година по дојава за завеано семејство со мало дете во Горна Белица по обилните снежни врнежи, месната заедница на Горна Белица се само организираше работно и финансиски за чистење на патот до селото и извлекување на семејството.
Чистењето на патот траеше повеќе од 8 часа поради високиот снег (80 см) и во вечерните часови во вторникот беше целосно пробиен со што акцијата за извлекување беше успешна и патот отворен. На ден 15.01 отворениот пат до и од Горна Белица го користеа и други граѓани.
Информираме дека патот е пробиен и отворен за сообраќај со назнака дека од местото викано „Баба Лена“ до мостот на влезот во селото движење на возилата е можно со џипови или со ставање на ланци поради замрзнати делови во осојниците, информираат од месната заедница Горна Белица.
– Во Горна Белица имаше 3 фамилии кои беа завеани со малечко детенце од 2 години кое беше со висока температура од 40с, луѓето имаа пријавено во „Центарот за управување со кризи“ (ЦУК) но биле препратени во Општина Струга, но општината нема надлежност да го чисти патот, бидејќи сега патниот правец Струга – Горна Белица е регионален пат и е под надлежност на „Македонија Пат“.
Затоа ние од месната заедница Горна Белица се организиравме и со наши средства после 8 часа напорна работа на машинистата, успеавме да се пробиеме до селото и фамилиите да бидат безбедно слезени во Струга и да заминат во Скопје, додаваат од месната заедница Горна Белица.
StrugaOnline

Facebook Коментари