Атанас Блажески го фати светиот крст во Подгорци

- Локални
754

По крстот во водите на изворот „Марул“ во струшко Подгорци, годинава се фрлија поголем број деца – верници.

Пред голем број верници, од Подгорци и од други места, осветениот крст, кој во чест на православниот празник Богојавление или Водици, во водите на изворот „Марул“ го фрли подгоречкиот свештеник Димитрија Павлески, годинава за традиционалното фрлање на крстот, за кое се верува дека ќе му донесе среќа и Бериќет во текот на целата година на оној кој прв ќе го фати, беа пријавени повеќе деца- верници, кои се фрлија во водите на изворот, а крстот го извади Атанас Блажески тој рече дека, по крстот во водите скокам повеќе години, и на сите православни верници им посакувам среќа и здравје, а денес мени ми е среќата. Само нека има мир и среќа, видно возбуден рече Атанас Блажески, кој по тре пат го фаќа крстот.

Тој од сите присутни верници, кои го бакнаа осветениот крст го даруваа со парички.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

StrugaOnline

Facebook Коментари