Македонија фантастична, убедлива победа против Катар
Машката репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Светското првенство 2025, откако во натпреварот со Катар триумфираше со 39:34 и сега има четири бода, а тоа значи дека нашата репрезентација нема да заврши на последното место во групата и има големи шанси да обезбеди добар пласман.
Следуваше период, во кој нашата репрезентација успеа да заигра поангажирано и во 23-та минута дојде до плус четири, 17:13. Македонија до крајот на полувремето одржуваше резултатска предност, Катар во желбата да дојдат повторно до камбек, сѐ повеќе грешеа, па така нашите на пауза заминаа со 21:17.
Ниту во последните десет минути од натпреварот ништо не се смени, Македонија успеа комплетно да го надигра Катар и да дојде до втор триумф на Мундијалот.
StrugaOnline


