СП Ракомет: Денеска во Осло се играат последните две четвртфинални средби
Денеска на Светското првенство 2025 ќе се одиграат преостанатите два четвртфинални натпревари.
Во терминот од 17:30 часот играат Данска и Бразил, додека во терминот од 20:30 часот Португалија и Германија.
Данците се фаворити против Бразил, а се очекува неизвесност и возбудувања на последниот двобој меѓу Германија и Португалија.
Пласман во полуфиналето засега имаат обезбедено репрезентациите на Хрватска и Франција кои славеа против Унгарија, односно Египет.
StrugaOnline


