Учениците од основното музичко училиште Струга освоија три први места на Меѓународниот натпревар по Кларинет „Арт ин“ во Кавадарци

- Локални
530

Георгиј Белкоќески, Урим Камбероски и Алмир Рамадани од Основното музичко училиште Струга освоија три први места на Меѓународниот натпревар по Кларинет „Арт ин“ кој се одржа во Кавадарци.

Учениците од основното музичко училиште Струга од класата на кларинет на проф. Мухамет Реџепоски по трет пат учествуваа на меѓународниот натпревар „Арт ин“ во Кавадарци, во конкуренција со учесници и од Македонија и странство.

Проф. Мухамет Реџепоски е водич и на школскиот Оркестар кој што оваа година имаа доста настапи за градот Струга како и хуманитарни настапи.

StrugaOnline

Facebook Коментари