Изложба на Љузе Мустафа „Симфонија на природата“ утре во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга.
Лузе Мустафа е родена во Струга на 17.10.1985 година, основно училиште завршила во селото Радолишта, а средно во Струга. Дипломирала на Факултетот за уметности при
Универзитетот во Тетово, насока вајарство кај професорот Џелил Руфати.
Во третата година од студиите е прогласена за најдобра студентка, во четвртата година од студиите е прогласена за студентка со највисок просек од страна на Исламскиот младински форум. Учествувала на многу колективни изложби во Тетово, Струга и Гостивар. По дипломирањето, една година работела како професорка во струшката гимназија „Нико Нестор“ во Струга, додека во моментов работи во Основното училиште „Ашим Агуши“ во селото Радолишта како наставничка по ликовна уметност.
„Преку реалистичниот пристап на пејзажите, Лузе покажува дека добро ги познава законитостите по цртање и перспективата, кои исто така се обидува да ги хармонизира со ефектите на бојата, користејќи ја нејзината приближувачка и оддалечувачка улога во претставувањето на објектот во просторот. Во нејзините пејзажи, понекогаш се разликуваат три, а понекогаш два плана, од кои зависи и големината на насликаните објекти. Средишните објекти, кои го претставуваат „тесниот мотив“ и изгледаат поблиску до гледачот, го сочинуваат првиот план на сликите. Во вториот план, авторката ги поставува објектите на просечно растојание, ги претставува со помала големина од оние во прв план, со помалку живописни бои и со сосем невидливи промени во нијансите и степените на осветленоста. Поради дејството на светлината, воздухот, пареата, прашината, боите на објектите во третиот план понекогаш како да го губат својот вистински квалитет.“ – вели за неаМиџаит Положани.
Изложбата на Љузе Мустафа „Симфонија на природата“ ќе се одржи утре во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ Струга со почеток во 19 часот.
StrugaOnline
Facebook Коментари