Струшкото студио за танц „Бах“, ги отвора своите врати за нови членови, од денес сите кои сакаат да танцуваат и да ја почувствуваат магијата на сцената можат да се запишат во студиото кое е гордост на нашиот град и чија успешна приказна е инспирација за сите.
Новата танцова сезона за Старите членови ќе започне на 1ви септември, а нови ќе се примаат до 15ти септември. Од студиото имаат зацртано доста интересни планови со кои ќе ја радуваат Струшката публика во следната сезона, а за уписите велат:
Уписи во нашето Студио од 15ти август до 15ти септември. Во август на телефонскиот број 078 447 530 а веќе во септември може и лично во нашето студио кое се наоѓа во просториите на центарот за култура Струга. Ве молиме почитувајте го уписниот рок, бидејќи се работи по одредени програми и децата треба да ги следат часовите од сам почеток. Повелете, влезете во светот на танцот заедно со најдобрите, ви гарантираме дека ќе се вљубите и ќе бидете наше семејство засекогаш, Ве очекуваме.
StrugaOnline
Facebook Коментари