На 13.08.2025 во 03.10 часот на улица „15 Корпус” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.С. (21) од Струга, кој управувајќи патничко моторно возило „форд” со струшки регистарски ознаки, бил учесник во сообраќајна незгода помеѓу неговото и патничко моторно возило „туран” со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.П.(62) од Вевчани. По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека А.С. возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,72 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување моторно возило”.
Исто така, на 14.08.2025 во 01.55 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан лишен од слобода е Н.М.(29) од струшкото село Радолишта. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Струга, сопреле патничко возило „голф” со струшки регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа констатирале дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле констатирани 1,63 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од КЗ „безобѕирно управување моторно возило”.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари