Водостојот на Охридско Езеро е 20 сантиметри под просекот за август покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР).
Според мерењата нивото е на кота од 693.26 метри надморска височина, а просекот за август изнесува 693.46 м.н.в. Нивото на езерото денес е 16 сантиметри над природниот минимум (693.10 м.н.в) и 9 сантимерат над минималната кота (693.17 м.н.в).
Неделната анализа покажува благо опаѓање од првиот ден кога нивото било на кота од 693.28 м.н.в, до денешното измерено.
Температурата на водата денес е 23 степени што е во рамки на просекот за месецов.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари