На Свеченото отворање на 58. Летна школа, прекрасен настап имаше реноминраното КУД „Дримкол“ од Вевчани, кое е со своите извонредни домашни и меѓународни настапи, на најубав начин континуирно го афирмира македонскиот фолклор, традиција и култура.
Нивниот настап беше драгоцено доживување за странските македонисти, семинаристи на Летната школа, кои беа восхитени од вокалните можности на младата сјајна вокалистка Аспасија Чочороска, со ангелски глас и на камерниот оркестар, а секако и за пошироката ценета публика.

-Изразуваме благодарност до КУД „Дримкол“ што со својот настап го возвиши, збогати и разубави Свеченото отворање и на извонреден начин го афирмираше македонскиот фолклор, македонската изворна песна и нашата раскошна традиција. Настапот беше беше незаборавно, автентично и драгоцено кулурно-уметничко доживување, велат од МСМЈЛК при УКИМ.
StrugaOnline
Facebook Коментари