Вчера, во рамките на „Охрид Ватер Фестивал“, на водите на Охридското Езеро пред градското пристаниште се одржа традиционалната веслачка регата „Охрид 2025“. Настапот на струшките веслачи ја обележа регатата, откако тие освоија медали во сите трки во кои учествуваа и ја потврдија својата доминација на националната сцена. Најуспешна натпреварувачка беше Ана Прентоска, која освои две златни одличја во скиф за кадети и јуниори, како и пехар за првото место во меморијалната трка „Јулијана Николиќ“ Со две злата се закитија и Александар Хиохи и Вања Кукунеш во дисциплината дубл-скул за (кадети и јуниори), а Хиохи дополнително освои и бронза во скиф за кадети, додека Кристијан Китаноски беше најдобар во скиф за сениори.
Одличен настап имаше и Јана Танскоска, која освои злато во скиф пионерки, сребро во скиф кадетки и уште една бронза во дубл-скул заедно со Мина Краљ
Кај најмладите, Јаков Скепароски и Наум Попоски освоија сребро во дубл-скул за пионери, додека браќата Иво и Љупче Василески донесоа бронза во истата дисциплина.
Климентина Стојмилоска освои сребро во скиф за сениорки,
Во категоријата кадети и јуниори, Цвете Димоски и Леон Шутиноски освоија по два бронзени медали во дубл-скул.
Со вкупниот број на освоени медали, струшките веслачи уште еднаш ја потврдија својата доминација на домашната веслачка сцена и најавија уште поголеми успеси на идните натпреварувања.
StrugaOnline
Facebook Коментари