Започна новата учебна година во ООУ „Браќа Миладиновци“, вкупно се запишаа 143 првачиња

- Локални
324

Денеска 01.09.2025 година за сите ученици започна новата учебна година.

Во ООУ „Браќа Миладиновци“ првиот училишен ден помина свечено за сите ученици, а особено за оние најмалите, највозбудените, односно за првачињата кои заедно со своите родители внесоа радост и нова надеж во училишниот двор.

Во ООУ „Браќа Миладиновци“, во учебната 2025/26 запишани се вкупно 143 првачиња, а наставата се изведува на три наставни јазици: македонски, албански и турски.

„Во учебната 2025/26 на македонски наставен јазик запишани се вкупно 47 првачиња, на албански наставен јазик 86 ученици и 10 ученици на турски наставен јазик. Што се однесува до дистрибуцијата на учебници од МОН, во нашето училиште учебниците не се пристигнати, но како што најавуваат од МОН учебници ќе има за сите. На сите ученици им посакуваме среќна и успешна учебна година!“ – информираат од ООУ „Браќа Миладиновци“.

StrugaOnline

Facebook Коментари