Свечено одбележана 81 годишнината од формирањето на 6. народноослободителна бригада

- Локални
31

На пригодна свеченост, во поранешната касарна во Охрид, беше одбележана 81 годишнината од формирањето на шестата народноослободителна бригада и 33 годиншнината од формирањето на шестата пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија.
Во присуство на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на поранешни армиски генерали во пензија, претседатели на воените ветерани и резервисти на Република Македонија, на Сојузот на борци од Охрид, претставници на СВР Охрид како и на повеќе актуелни и поранешни припадници на единицата, за развојниот и борбениот пат на 6 пешадиска бригада, од судбоносните моменти во 1944 и завршните операции за ослободување на Западна Македонија, зборуваше полковникот во пензија и претседател на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид, Добре Велјаноски.

– Ние ветераните, правиме се, минатото да не се забораави, низ Дебрца направивме повеќе спомен објекти а овде во касарната, направивме спомен соба во чест нанашата прославена Бригада, рече Вељјаноски.
Во својот пригоден говор, градоначалникот Пецаков истакна дека, формирањето на шестата народноослободителна бригада, е круна на народноослободителното движење во регионот и претставаува остварување на вековните идеали на македонскиот народ за создавање своја државност и самостојност. Пред построените припадници и почитувучи на шестата бригада, се обрати и претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Гоце Георгиевски.

Во рамките на активностите за одбележување на 81 годишнината од формирањето на шестата народноослободителна бригада и 33 годиншнината од формирањето на шестата пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија, делегација на Здружението на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Охрид, положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба.

За посебен придонес во формирањето на бригадата, во 2023 година, доделени беа благодарници постхумно на првиот командант на Гарнизонот на АРМ во Охрид, полковникот Јосип Хајба на полковник во пензија, на тогашниот заменик на командантот, полковник во пензија Павле Момироски како и на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, за искажаната помош и поддршка за отворањето на спомен собата на 6-та Македонска народно ослободителна бригада, лоцирана во охридската касарна.

Facebook Коментари