Со свечена програма, учениците и наставниците од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца го прославија 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

- Локални
83
Преку литературни и ликовни творби, рецитали и песни, учениците ја искажаа својата љубов и почит кон татковината, а присутните имаа можност да се потсетат на историското значење на овој голем празник.
Во холот на училиштето беше поставена изложба на ликовни дела инспирирани од убавините на нашата земја и нејзините државни симболи.
Оваа активност беше збогатена со учество не само на учениците и наставниците од централното училиште во с. Драслајца, туку и од подрачните училишта во с. Мороишта, с. Биџево и с. Ложани.
-Голема благодарност до сите наставници кои со својата посветеност и поддршка го направија настанот достоинствен и незаборавен за сите учесници, велат од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца.

StrugaOnline

Facebook Коментари