Успешно заврши 6-тото издание на Меѓународниот младински шаховски фестивал „Езерска Кралица 2025“ во Струга

- Локални
24

Преку 80 млади шахисти од земјава и странство поделени во 4 категорни групи, во исклучително силна конкуренција се бореа за титулата Lake Queen Champions за 2025 година во стандарден шах.

Во прекрасни услови и во пријатен амбиент, младите шаховски ентузијасти нестрпливо чекаа да започнат партиите.

Lake Queen тимот како и секоја година го остави својот препознатлив белег во конгресната сала во хотелот Дрим. Декорирана со изглед како на големите европски и светски првенства.

-Бројот на учесници оваа година беше најголем од самото формирање на фестивал во 2019 година Поради големиот интерест за овој фестивал, за другата година доколку се создадат услови, размислуваме за дисперзија на турнирите на Езерска Кралица надвор од Струга. Ви благодарам на сите за подршката и се гледаме наредната година вели Ѓоко Котески од Младинската Шаховска Школа Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари