Во струшко Луково полицијата пронајде марихуана и шприцеви исполнети со течност кај две лица од Скопје
Денеска (10.09.2025) околу 11 часот, во струшкото село Луково, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад при Бирото за јавна безбедност, ги лишија од слобода П.К.(49) и М.К.(47), двајцата од Скопје.
При претреси во нивните домови во истото село, извршени со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и шприцеви исполнети со течност.
Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

