Билтен за Охрид: Физички напад, Возило излета од автопатот Охрид-Кичево…

- Локални, Хроника
99

На 11.09.2025 во 20:27 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Беќир Алириза” во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Х.Е.(38) врз З.Д.(35) и М.М.(35), сите од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.09.2025 во 18:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, патничко возило „мерцедес”, управувано од Ѓ.Ш.(24) од Охрид, излетало од патот. Во несреќата со тепшки телесни повреди се здобил возачот Ѓ.Ш., констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари