Во домот на младиот пензионер Александар Младеноски-Ацо
Секое катче во домот на Сандре Младеноски-Ацо, професор по ликовна уметност е богатство од уметнички слики, мноштво предмети во етно катчето што 30 години го надградува. Спомени на други луѓе од минатото и од сегашноста и од пријатели незаборавни сеќавања на многубројните поставувања, ненаметливо се вклопени во она што е наша семејна традиција, што навестува една широчина во духот на домаќините.
Ова негово ново живеалиште во Струшко Подгорци, оти порано живееше во старата семејна куќа со своите родители. Потоа изгради сопствена куќа, по сопствена мерка.
Кога конечно се всели, направи некои архитектонски зафати и да се прилагодат што предметите ги донел од старата семејна куќа.
Сите тие предмети имаат свои истории, секој има своја приказна и на некој начин се дел од она што се нарекува мој живот. Тие замене се живи суштества. Јас неможам да живеам без предметите и сликите што сум ги насликал и фотографиите кои сум ги фотографирал – признава Младеноски.
Часовник што дедоми го донел Београд, како и сребрени турски пари. Некои од старините ги имам купено од старинарници.
Особена топлина на целиот амбиент во домот на Сандре Младеноски-Ацо даваат неговите уметнички слики, портрети насликани.
Сандре за себе вели дека не сака да се наметнува со тоа што го создава, дури и незнае кога слика. Во домот слика каде што ќе стигне, но само во работната соба (ателјето) го финишира несработеното. Тука знае да ја дочека зората, па и да преспие.
Сега како пензионер, после 40 години работен стаж, во образование, продолжува да слика што се вели „Еднаш уметник – засекогаш уметник“.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ
StrugaOnline

