Лев банер Десен банер

Леонид Тодороски ученик од Јахја Кемал Струга со бронзен медал на Европската математичка олимпијада

Со голема гордост, училиштето „Јахја Кемал Струга“ ја сподели веста за извонредниот успех на својот ученик Леонид Тодороски, кој освои бронзен медал на Европската математичка олимпијада (ЕМО 2026).

Ова престижно натпреварување, кое годинава за првпат се одржа во Вилнус, Литванија, во периодот од 23 до 29 април, собра 124 ученици од 19 европски држави. Натпреварувачите имаа можност да ги покажат своите знаења и аналитички способности преку решавање сложени математички задачи во текот на два натпреварувачки дена.

Леонид Тодороски освои вкупно 23 поени, што му донесе бронзен медал и го вброи меѓу најдобрите млади математичари на европско ниво. Овој резултат претставува значајно признание за неговата посветеност, труд и љубов кон математиката.

Воедно, успехот на Тодороски е потврда за квалитетната настава и континуираната поддршка што учениците ја добиваат во „Јахја Кемал Струга“, како и мотив за идни успеси на училиштето на меѓународната сцена.

StrugaOnline

error: