Од денес во употреба клучката Требеништа на автопатот Охрид-Кичево
Денес се пушта во употреба клучката Требеништа, уште еден дел од автопатот Охрид-Кичево, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фајсбук профил по увидот во изградбата на автопатот вечеравечер заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски.
-На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден. Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево, напиша вчеравечер Николоски.
Посочи дека резултатите се неизбежни кога се има јасна цел, силна координација и волја.
-Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано. Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата, додаде Николоски.
StrugaOnline

