Лев банер Десен банер

Општинската зграда во Струга осветлена во знак на поддршка за лицата со ретки болести

Ретките болести засегаат повеќе од 300 милиони луѓе ширум светот, а најголемиот дел од нив остануваат невидливи за јавноста – често недијагностицирани и без соодветен третман. Сепак, зад овие бројки стојат реални луѓе кои секојдневно се борат за подостоинствен живот, како и нивните семејства кои се дел од таа тивка, но истрајна борба.

Во знак на солидарност, поддршка и подигнување на јавната свест, синоќа Општинската зграда во Струга беше осветлена како симбол на надеж и охрабрување за сите кои живеат со ретки болести – и во светот, и во Македонија.

„Со ова симболично осветлување сакаме да испратиме порака дека лицата со ретки болести не се сами. Како општество имаме обврска да ги видиме, да ги слушнеме и да им дадеме поддршка во нивната секојдневна борба за подобар и подостоинствен живот“, соопштуваат од Општина Струга.

Од таму додаваат дека подигнувањето на јавната свест е клучно за подобро разбирање на предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести, како и за унапредување на системската грижа, навремената дијагностика и пристапот до третман.

Настанот претставува потсетник дека борбата со ретките болести не е индивидуална, туку заедничка одговорност на институциите и целата заедница.

StrugaOnline

error: