Лев банер Десен банер

Никола Кутаноски: Се надеваме на развој и помош на спортските клубови во Струга, како и на задржување на младите таленти преку стипендии

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, денеска ги прими струшките спортисти од пливачкиот и триатлон клуб „3 Дисциплини“ Струга, изразувајќи поддршка за нивните досегашни успеси и напори во развојот на спортот во градот.

„Благодариме на поканата и приемот на градоначалникот Менди Ќура. Поддршката и убавите зборови се од огромно значење за нас, бидејќи доаѓаат од човек кој уште пред да стане градоначалник беше покрај нас и покрај многубројни спортски клубови и манифестации во Струга, преку компанијата „Трим и Лум“, изјави тренерот на клубот „3 Дисциплини“, Никола Кутаноски.

Кутаноски нагласи дека успехот на клубовите е директно поврзан со афирмацијата на Струга како спортски град. „Струга отсекогаш имала талентирани деца за сите спортови. Со правилна поддршка, сето тоа може да се издигне на највисоко ниво. Нашите резултати се исто така резултати на нашиот град“, додаде тој.

Во изминативе години, пливачкиот и триатлон клуб „3 Дисциплини“ успеале да го враќаат пливањето на првите места на државно ниво, натпреварувајќи се рамо до рамо со клубовите од Скопје и освојувајќи бројни медали на меѓународни пливачки манифестации и маратони. „Ние исто така сме постојано на врвот на триатлон натпреварите на државно, балканско и европско ниво“, нагласи Кутаноски.

Од клубот „3 Дисциплини“ Струга изразија надеж за успешен мандат на градоначалникот Ќура и реализација на проекти кои ќе ги поддржат младите таленти. „Се надеваме на развој и помош на спортските клубови во Струга, како и на задржување на младите таленти преку стипендии“, заклучуваат тие.

StrugaOnline

error: