Лев банер Десен банер

Сообраќајна несреќа на улицата „АСНОМ“ во Охрид – одземени две возила поради безобѕирно управување

На 04 февруари 2026 година, во 20:30 часот, во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила.

Според информациите од Стефан Димоски од СВР Охрид, во несреќата учествувале патничко возило „Фолксваген Амарок“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.В.М. (24) од Охрид, патничко возило „Ланчија“ управувано од Ј.П. (37) од Охрид и патничко возило „Мерцедес“, управувано од П.Н. (35) од Охрид, сите со охридски регистарски таблички.

По преземените мерки од страна на полициските службеници, било констатирано дека возачот В.В.М. го управувал возилото под дејство на алкохол, при што му биле измерени 0,71 промили алкохол во крвта. Дополнително, кај него биле евидентирани и три активни забрани за управување со моторно возило од „Б“ категорија. Кај возачот Ј.П. била утврдена една забрана за управување со моторно возило од „Б“ категорија.

За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки на В.В.М. и Ј.П. им биле одземени возилата. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со возило“.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: