Лев банер Десен банер

Хотел „Белица“ претставен на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул

Хотел „Белица“ успешно се претстави на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул, еден од најзначајните туристички настани во регионот, каде што беше промовирана туристичката понуда на Струга пред бројни меѓународни посетители и професионалци од туристичката индустрија.

Посетителите на саемот имаа можност одблиску да се запознаат со капацитетите и услугите што ги нуди хотел „Белица“, како и со автентичната понуда насочена кон комфорен престој и доживување на природните убавини на струшкиот регион. Презентацијата предизвика интерес кај туристички агенции, тур-оператори и индивидуални посетители од повеќе земји.

Од хотелот упатија благодарност до Општина Струга за поддршката и вклучувањето на локалните хотелиери во заедничката промоција на туристичките потенцијали на градот на меѓународно ниво. Ваквиот настап, велат, е значаен чекор кон зајакнување на туристичката понуда и позиционирање на Струга како атрактивна дестинација на меѓународната туристичка мапа.

Учеството на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул се оценува како одлична можност за воспоставување нови соработки и зголемување на интересот за туристичките капацитети во Струга во пресрет на претстојната туристичка сезона.

StrugaOnilne

error: