Лев банер Десен банер

Воена обука на белгиската армија во Охрид и Радожда од 7 до 20 февруари

СВР Охрид ја информира јавноста дека во периодот од 7 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда ќе се реализираат активности за обука на специјалната единица на Армијата на Кралството Белгија.

Како што информираат од СВР Охрид, обуката ќе се спроведува во рамки на меѓународната воена вежба „BEL-SOF Exercise 26“, која паралелно ќе се одржува и на други локации низ државата. Во текот на вежбовните активности е предвидена употреба на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други специјализирани средства.

Надлежните институции апелираат до граѓаните на Охрид и Струга да не се вознемируваат и строго да ги почитуваат насоките и упатствата на полициските и армиските службеници, кои ќе бидат задолжени за одржување на безбедноста на целокупното подрачје каде ќе се реализира обуката.

Стефан Димоски од СВР Охрид нагласува дека сите активности ќе се одвиваат согласно безбедносните протоколи, со цел непречено и безбедно спроведување на вежбата, без загрозување на локалното население.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: