Кривична пријава против охриѓанец осомничен за неовластено поседување и продажба на марихуана
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л. (60) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниви по член 215 од Кривичниот законик, како и по член 95 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
Според информациите од полицијата, пријавениот, кој претходно бил вработен како инженер-агроном во фабрика за одгледување медицински канабис во селото Ново Село, општина Дебрца, неовластено изнел марихуана од производниот погон и ја чувал во своето престојувалиште во Охрид, со намера за лична употреба и натамошна продажба.
При претрес на просториите, извршен по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана. По спроведените активности, осомничениот бил лишен од слобода.
Стефан Димоски од СВР Охрид информира дека по целосно документирање на случајот, предметот ќе биде доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

