Лев банер Десен банер

По 30 години, линијата Радожда – Струга престанува да функционира

Од 1 март 2026 година, по повеќе од три децении, се прекинува редовното одржување на линијата Радожда – Струга. Одлуката е резултат на нередовно исплаќање од страна на училиштата, кои се блокирани поради долгови, како и поради нефункционирање на општината во регулирање на пуштањето на комбиња од ТИРЗ зоната за собирање на патници во села каде што постои линиски превоз.

Превозникот соопштува дека, поради овие причини, не е можно понатамошно одржување на линијата на економски одржлив начин, иако таа успешно функционираше и обезбедуваше транспорт на ученици и локално население цели 30 години.

Од компанијата „Транспорт Бојан“ апелираат до надлежните институции за решавање на проблемите со блокирани сметки и регулирање на транспортните линии, со цел да се обезбеди континуитет на јавниот превоз и да не се остави населението без соодветен превоз.

StrugaOnline

error: