Лев банер Десен банер

Пожар во Велгошти – жена се здобила со тешки повреди

На 6 февруари 2026 година околу 10:58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти. Во несреќата, Е.Т.Ѓ. (44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди и веднаш била пренесена во Општата болница во Охрид, каде и е укажана медицинска помош.

На местото на настанот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, која го изгаснала пожарот. Засега, се преземаат мерки за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: