Кривична пријава против охриѓанец и правен субјект за повреда на правата од работен однос
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М. (43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.
Според информациите од полицијата, пријавениот С.М., во својство на сопственик и управител на правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос. Тој уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата кои законски му припаѓале.
Дополнително, С.М. му дозволил пристап на работникот до работно место изложено на сериозни и специфични опасности, без да му обезбеди соодветни и посебни упатства за безбедно извршување на работните задачи. Како што се наведува, починатиот работник извршувал работни активности како помошник монтер, без претходно да биде спроведена основна обука од областа на безбедност и здравје при работа, како и без извршен задолжителен здравствен преглед во здравствена установа по медицина на трудот.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

