Лев банер Десен банер

Кривична пријава против 42-годишник од Струга за недозволена трговија со дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.П. (42) од Струга поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Според информациите од полицијата, при излез од фабрика за производство на медицински канабис во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот. При контролата кај него бил пронајден и одземен хашиш.

По целосно документирање на случајот, против лицето е поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: