Лев банер Десен банер

Градоначалникот Менди Ќура на „Tourism Fair Albania 2026“: Струга со јасна визија за регионално туристичко позиционирање

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, учествуваше на меѓународниот саем „Tourism Fair Albania 2026“ што се одржа во Тирана, каде што ја претстави туристичката понуда и потенцијалите на градот пред бројни претставници од туристичкиот сектор, институции и компании од регионот и пошироко.

Во рамки на саемот, градоначалникот Ќура беше дел од панел-дискусијата на тема „Позиционирање на дестинациите: Од имиџ до реално влијание!“, каде што говореше за стратегиите за градење препознатлив бренд на туристичките дестинации и нивно трансформирање во конкретни економски и развојни придобивки.

Во своето обраќање, тој го истакна богатиот туристички потенцијал на Струга – природните убавини, крајбрежјето на Охридското Езеро, културно-историското наследство, традицијата и гостопримството, како и можностите за одржлив развој на туризмот. Според него, Струга има реален капацитет да се позиционира како препознатлива регионална дестинација која нуди автентично и уникатно искуство за посетителите.

Градоначалникот упати јавен повик до туристичките оператори и агенции да ја вклучат Струга во своите туристички пакети, со цел заедничко унапредување на туристичката понуда и зголемување на видливоста на градот на регионалната и меѓународната туристичка мапа.

Со учеството на „Tourism Fair Albania 2026“, Општина Струга ја потврдува својата определба за активна промоција, стратешко позиционирање и создавање реално влијание преку конкретни партнерства и соработки во туристичкиот сектор, насочени кон долгорочен и одржлив развој на градот.

StrugaOnline

error: