Убедлива победа на Стружанка на гостувањето кај Шампион
Во рамки на 14. коло од Првата женска ракометна лига, ракометарките на ЖРК Стружанка остварија убедлива победа на гостински терен против ЖРК Шампион, совладувајќи го домашниот состав со високи 12:39 (7:17).
Натпреварот се одигра во саботата, на 14 февруари 2026 година, во спортската сала „Антон Димитров“ во Скопје, каде што стружанките од самиот почеток наметнаа силно темпо и резултатска доминација. Веќе на полувремето избраничките на Стружанка имаа сигурна предност од 10 голови разлика (7:17), која во вториот дел дополнително ја зголемија.
Во редовите на Стружанка најефикасни беа Переска Тијана, Маџоска Вања и Еџе Сејадин со по 7 постигнати голови. Значаен придонес во офанзивата дадоа и Маркоска Теодора и Раткушиноска Маја со по 6 гола, Маркоска Марија со 4, како и Котушеска Маја и Билкова Бојана со по еден погодок.
Кај домашниот состав на Шампион, најефикасни беа Маркоска Катја и Тосеска Катерина со по 3 гола.
Со оваа убедлива победа, Стружанка испраќа јасна порака за своите амбиции во продолжението од сезоната, потврдувајќи ја одличната форма и ефикасност во нападот, како и цврстата игра во одбраната.
StrugaOnline

