Лев банер Десен банер

Приведен 49-годишник во Струга, кај него пронајдена бела прашкаста материја

Полициски службеници од ОВР Струга на 16 февруари 2026 година во 17:10 часот го лишиле од слобода М.К. (49) од Струга.

Според информациите од полицијата, при преземените мерки и активности на улицата „ЈНА“ во Струга, кај лицето била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

Пронајдената материја е одземена за понатамошна постапка и вештачење, а по целосно документирање на настанот, против М.К. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: