Алкохолизирано лице приведено во болницата во Струга поради агресивно однесување
На 18 февруари 2026 година во 20:10 часот, во Општа болница Струга, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Н.С. (46) од селото Ново Село, општина Боговиње, поради нарушување на јавниот ред и мир.
Според информациите од надлежните, лицето се однесувало агресивно кон медицинскиот персонал во болницата, со што предизвикало вознемиреност и нарушување на редот во здравствената установа.
При преземените мерки било констатирано дека Н.С. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

